fbpx
вто. Сеп 29th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Во Владата на СДСМ има двајца министри од ВМРО-ДПМНЕ, тврди Апасиев

„Накитена просечност“, според пратеникот на Левица Димитар Апасиев, доминира во новата Влада, која тој ја скенирал по сите основи. Единствено, како што изјави денеска од собраниската говорница, не сака да навлегува во верската и сексуалната определба на идните министри.

Тој пресметал дека во Владата има 12 Македонци и 8 Албанци, 16 мажи и четири жени, дека ДУИ има шест министри, а ЛДП и Беса по еден, но и дека двајца министри се од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заевизмот станува највисок стадиум на груевизмот. Она што во режимот на Грувски беше заробена држава, сега се нарекува хибриден режим, што значи концентрација на моќ и богатство, која води до карактерно расипување на властодржецот, арбитрарност и страховлада“, рече Апасиев.