Свет

(ВИДЕО) Силувани, па закопани живи: Шведска во шок!

Шведската јавност деновиве е шокирана од еден од најгрозоморните случаи во модерната историја на земјата – две момчиња на возраст од 18 и 21 година, се осомничени дека киднапирале, ограбиле, силувале и мачеле двајца тинејџери, по што се обиделе да ги закопаат живи на локалните гробишта во градот Солна.

Според локалните медиуми, жртвите биле случајно одбрани, а двајцата напаѓачи ги совладале и мачеле откако претходно безуспешно се обиделе да им продадат дрога на тинејџерите. Момчињата ѝ раскажале на полицијата дека насилниците на смена ги силувале и ги тепале цела ноќ, а суровото изживување траело цели десет часа. Пред да се раздени, двајцата напаѓачи-монструми ги натерале момчињата, чија точна возраст не е соопштена, самите да легнат во свежо ископани гробови, по што ги затрупале со земја.

Еден од двајцата тинејџери сепак успеал да се извлече од несудениот гроб и го откопал својот другар, по што случаен минувач ги забележал како лутаат голи и крвави низ гробиштата. Била алармирана полицијата, која ги фатила напаѓачите при обид да избегаат.

Според информациите во шведските медиуми, двајцата насилници имале дебели полициски досиеја и биле апсени за кражби и други кривични дела.

На почеток