Коментари

Најчевска: Според мене не смее да се добие раководна функција без навршени 40 години…

Наместо за пензионирањето јас би сакала да поставам прашање за тоа кој и на која возраст смее да застане на чело на државата и/или да има раководна/одговорна позиција, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.

Професорката во објавата додава:

Според мене не смее да се добие раководна функција без навршени 40 години, минимум 10 години соодветно образование и искуство, постепено кариерно напредување и јасни критериуми за процена на квалитетот на работење.

Забрана за пратеник под 40 години.
Забрана за министерп под 40 години.
Забрана за директор под 40 години.
Забрана за судија под 40 години.
Забрана за ЈО под 40 години.
Забрана за амбасадор под 40 години.

Ете мене ми е малку преку глава од зелени јагуриди на раководни позиции кои лесно можат да бидат корумпирани и купени и излажани и замаени. И кои се изживуваат над оние кои знаат и умеат.

https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10219523533813815

На почеток