Коментари

Габер Дамјановска: Голема благодарност и пофалба за МВР во пронаоѓањето на лицето кое сериозно ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот

Уставната судијка, Наташа Габер Дамјановска објави на социјалните мрежи дека правдата го стигнала возачот кој за малку ќе ја прегазел на пешачки премин.

„Голема благодарност и пофалба за професионализмот и ефикасноста на МВР во пронаоѓањето на лицето кое сериозно ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот. Ја истакнувам и желбата да се помогне на хумано, а не само на професионално ниво“, вели Дамјановска.

Нејзиниот јавен апел како граѓанин на оваа држава, со најдобра намера и за доброто на сите нас, цели кон заложба за јакнење на превенцијата на вакви состојби и кон построга и поефикасна казнена политика во сообраќајот против крајно неодговорното однесување на некои учесници во сообраќајот.

„Постојат бројни соодветни искуства во постарите демократии кои можат да се применат и состојбата да се подобри. Можна е и дополнителна законска регулатива која би воспоставила построги рамки за сторителите, посебно кога се во прашање дејствија кои доведуваат до непосредна животна опасност по другите, а актуелно се третираат само како прекршоци. Време е за позитивни промени и воведување ред, со тоа се постигнува и владеење на правото“, стои во објавата на Дамјановска.

На почеток