Свет

Колинда Грабар-Китаровиќ оперирана, закрепнувањето ќе трае подолго

Поранешната претседателка на Република Хрватска и член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Колинда Грабар-Китаровиќ, во петокот беше подложена на предна вратна дисектомија и инструментална фузија на пршлените C4 / C5 во Клиничката болница во Загреб.

Таа имала операција на дискус хернија на цервикалниот ‘рбет, а операцијата, како што дознава весникот, поминала добро.

Грабар-Китаровиќ в сабота ќе биде пуштена од болница.

На почеток