Последниот предлог ДУП за градска четврт Ј14 – Расадник, претставува кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија. План кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90-тите години на XX век. Значи заокружуваме 30 години, одење наназад, особено за Кисела Вода, која нема друг простор за дефинирање на својот локален центар, објави plusinfo.mk.
– Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам ги слушавме постојано ( во текот на студирањето), како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… Сите овие точки кои го дефинираат урбанизмот се применети во својата негативна конотација – стои во статијата објавена од Македонска АРХитектура (МАРХ).
Текстот во целост на: plusinfo.mk.