Македонија

Мицкоски: Ќе ви тежи цел живот предавството и криминалот што го правите, Македонија и Македонците не забораваат

Гоце Делчев е идеолог и водач на македонската револуционерна организација и се бори за ослободување на Македонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој додава:
Македонија која вие ја засрамивте, пониживте, опљачкавте и разочаравте. Жалам што, наместо да промовирате вистински европски вредности, се одлучивте да продолжите да распродавате од нашето достоинство и не заборавивте да крадете.

Ќе ви тежи цел живот предавството и криминалот што го правите. Македонија и Македонците не забораваат. Жалам за поразот во Делчево, ќе бидеме подобри следниот пат кога ќе има демократски избори, а се радувам на победата во повеќе од 40 општини, вклучувајќи го и Скопје.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1661448134030639

На почеток