Свет

(ВИДЕО) На протестите во Белорусија синоќа уапсени 114 лица

Демонстрантите незадоволни од резултатите на претседателските избори во Белорусија синоќа повторно се собраа на улиците. За време на протестите кои не беа претходно најавени, се приведени 114 лица.

Олга Чемоданова, портпарол на Министерството за внатрешни работи, рече дека во саботата, 1.700 лица присуствувале на протестите на 12 различни локации низ целата земја. Таа посочи дека за време на демонстрациите биле приведени 114 лица, од кои 99 биле во главниот град Минск и дека 87 лица ќе бидат притворени додека не бидат изведени пред суд.

Таа додаде дека приврзаниците на претседателот Александар Лукашенко, исто така, одржале митинзи низ целата земја, на кои присуствувале повеќе од 50.000 луѓе.

Протестите во Белорусија започнаа откако беше објавено дека Александар Лукашенко победи на претседателските избори на 9 август.

На почеток