fbpx
вто. Сеп 29th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Градежните активности од втората фаза на ул.”Абас Емин” влегуваат во финиш

Финишираат градежните активности од втората фаза за реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата „Абас Емин“, на потегот од крстосницата со улица „Македонски Просветители“ до крстосницата со улицата „Охридска Бригада“.
Претходно се работеше на реконструкцијата на подземната инфраструктура на потегот од булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.
Во текот на наредниот период, согласно проектот за реконструкција на улицата, на овој потег ќе биде извршено асфалтирање на коловозната лента и уредување на тротоарите. За оваа намена, Општина Охрид веќе започна соодветна тендерска постапка.