fbpx
сре. Сеп 23rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Како Кисела Вода размислува за својата иднина?!

Последниот предлог ДУП за градска четврт Ј14 – Расадник, претставува  кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија. План кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90тите години на XX век. Значи заокружуваме 30 години, одење наназад, особено за Кисела Вода, која нема друг простор за дефинирање на својот локален центар, објави porta3.mk

2_resize

Предлог ДУП за Ј4

1_resize

Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам  ги слушавме постојано ( во текот на студирањето), како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… Сите овие точки  кои го дефинираат урбанизмот се применети во својата негативна конотација.

Делувањето на урбанизмот според некои формули кои правилниците ги наложуваат без слободата на проектантот да создаде слика во контекстот на просторот,  микро и макро во поглед на градот и нивно спроведување, претставува слепо работење и потценување на професијата, поткрепено од легислативата. Но, никој упорно не ја менува со години, туку ја моделира во правецот на ненаситниот бизнис сектор во градежништвото.

Планот е сосем дефиниран во втората димензија. Бидејќи тоа е многу далечно за окото на читателот, создадовме наједноставен  3д  модел според максимите запишани во планот. Резултатот е повеќе од очаен.

Текстот во целост на: porta3.mk