Македонија

Автомобил излета од патот во Кучково,повредени три лица

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локален пат во с. Кучково, Скопско.

Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „фиат добло“, управуван од П. М. (19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот В. С. (19) од Скопје, а телесни повреди добиле возачот и уште еден сопатник Н. Е. (19), кои биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.

На почеток