fbpx
пет. Сеп 25th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Девет лица со корона вирус починати во 24 часа, меѓу нив и две млади лица

Во последните 24 часа починати се 9 лица со корона вирус и тоа од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Инаку вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.