fbpx
пет. Сеп 25th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Научниците откриле антитело што го неутрализира вирусот што предизвикува Ковид-19

Научниците од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Питсбург ја изолирале најмалата биолошка молекула што целосно и специфично го неутрализира вирусот што предизвикува Ковид-19, пренесува „Њујорк пост“.

Компонентата на антителото е 10 пати помала од антитело со целосна големина и е искористена за создавање на лекот Ab8, споделен во извештајот објавен од истражувачите во списанието Cell во понеделникот. На лекот се гледа како на потенцијална превентива против САРС-КоВ-2.

Според извештајот, лекот бил многу ефикасен во спречување и лекување инфекции со САРС-КоВ-2 кај глувци и ‘рчковци за време на тестовите. Лекот исто така наводно не се врзува за човечките клетки, што укажува дека нема да има негативни несакани ефекти кај луѓето.

„Ab8 не само што има потенцијал како терапија кај Ковид-19, туку може да се искористи и за да ги спречи луѓето да добиваат инфекции на САРС-КоВ-2“, вели коавторот Џон Мелорс, началник на одделот за заразни болести во Пит и УПМЦ.

извор: Макфакс