fbpx
пет. Сеп 25th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Почна исплатата на над 68 милиони евра за штедачите од Еуростандард во стечај

Четири банки започнаа да ги враќаат парите на граѓаните кои им заглавија во пропаднатата Еуростандард банка. Комерцијална, Стопанска банка Скопје, Халк и НЛБ се банките кои ги обештетуваат граѓаните кои во Еуростандард имаа до 30 илјади евра. Ошетените граѓани по азбучен ред објавен во медиумите треба да одат во новата банка каде имаат отворено сметка. Рокот за обештетување е три години.

Обесштетувањето се прави на оние штедачи кои имале до 30.000 евра, останатите пари над оваа сума тие ќе треба да ги побараат од стечајниот управител на банката, Душко Тодевски преку стечајната маса. Нема да бидат обесштетени ниту оние штедачи коишто биле штедачи на управни и надзорни одбори на банката, акционери и оние кои што се сомнителни за секторот перење пари.