Македонија

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ сплотено маршираше за ЕУ и за Делчев со „Едно име имаме“

Со транспаренти „Стани Гоце те предадоа“, „Гоце е црвената линија“, „или Гоце или Заев“, „Гоце не го даваме“ илјадници демонстранти излегоа на улиците во главниот град на најавениот антивладин протест “За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев”.

Ова е третиот од серијата протести кои партијата ги најави. По минатите два протести против поскапувањето на струјата, овој пат тие протестираат „за поддршка на членството во ЕУ и за Гоце Делчев“.

Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава.Со него нема преговарање, Делчев не го даваме!

Гоце е идејата за Македонија, која преку АСНОМ, а подроцна 8 ми септември се преточи во самостојна независна држава, беше истакнато на денешниот протест.

Пред присутните се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој истакна  дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство.  Тој додаде дека  патриотизмот не е демоде политика и порача дека македонизмот не е ништо помалку важен од европеизмот.

Мицковски истакна дека СДСМ предводена од Зоран Заев не е за ЕУ. Наведе дека таму нема рекет, нема пропаѓање на банки, и осиромашување на народот.

„Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана“, додаде Мицкоски.

„Делчев обединувал, а Заев разединува. Изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија“, изјави Мицкоски.

 

 

 

 

 

На почеток