fbpx
чет. Сеп 24th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Додека во останатите европски земји ширењето на коронавирусот повторно се зголемува, Шведска регистрира најмал дневен пораст на нови случаи

Додека во останатите европски земји ширењето на коронавирусот повторно се зголемува, Шведска, чиј лесен пристап кон пандемијата привлече меѓународно внимание, регистрира најмал дневен пораст на бројот на нови случаи од појавата на вирусот.

Последниот седумдневен просек објавен вчера беше 108 нови случаи, што е најмалку од 13 март, а од 120.000 направени тестови во изминатата недела, само 1,2% биле позитивни.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, во последните 14 дена Шведска има 22,2 нови случаи на коронавирус на 100.000 жители, наспроти 279 во Шпанија, 158 во Франција, 118 во Чешка, 77 во Белгија и 59 во Велика Британија. Шведска исто така има помалку нови случаи на зараза дневно од соседите Норвешка и Данска. Моментално, само 13 шведски пациенти се на интензивна нега, а седумдневниот просек на смртни случаи е нула.

 

извор: СДК.МК