fbpx
нед. Сеп 27th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Гостиварец пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра

Жител на гостиварското село Чегране пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра во аптека и маркети.

Според информациите на МВР, полицијата вчера го привела А. С. (54) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело фалсификување пари.

Toj во три наврати во аптека и во два маркета пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што против А. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.