Свет

ЕУ не ја врати Србија на списокот со трети земји на кои им е дозволен слободен влез во ЕУ

ЕУ не ја врати Србија на списокот со трети земји на кои им е дозволен слободен влез во ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Иако во работните тела на Советот на ЕУ беше покренато прашањето за враќање на Србија на списокот на земји за кои нема ограничувања за влез, амбасадорите на земјите-членки ја отстранија оваа тема од денешниот состанок.

Дипломатски извори наведуваат дека некои земји-членки, предводени од Грција, се залагале границите на ЕУ да бидат отворени за граѓаните на Србија поради подобрувањето на епидемиолошката состојба.

 

На почеток