Свет

43 заразени од КОВИД 19 во седиштето на ОН во Виена

Расте бројот на заразените од КОВИД 19 во седиштето на Обединетите нации во Виена.

Здравствениот систем во седиштето на ОН соопшти дека се откриени пет нови случаи на зараза. Се работи за три лица кои работат во Меѓународната агенција за атомска енергија, едно во Канцеларијата на ОН за борба против наркотици и криминал, како и едно лице во Организацијата за индустриски развој.

„ Вкупниот број на вработени во седиштето на ОН во Виена, кои се позитивни тестирани на коронавирус е 43“ соопштија здравствените власти. Како што се додава 36 позитивни во меѓувреме оздравеле.

На почеток