Македонија

Почина момчето на кое му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител

Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. Нема официјална информација која е причината за смртта и како дошло до влошување на неговата здравствена состојба, Објави novatv.mk.

Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина.

Филип по операцијата беше во стабилна состојба. Надлежните, министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за хематологија тогаш се пофалија дека ова е висок професионален дострел на хематолозите кој досега не се правел во нашата земја. Тие потенцираа дека се отвора можност да се лекуваат и странски пациенти на Клиниката за хематологија.

Текстот во целост на: novatv.mk.

фото: novatv.mk.

На почеток