Македонија

Милевски и Зутер ја продолжуваат соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

Таа му го честита на Милевски повторното назначување на функцијата, истакнувајки ја важноста на континуитетот на зедничкиот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  кој е наменет за иновативни и инвестициски проекти со цел да се намалат диспаритетите во планските региони.

– Проектот е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а министерството успешно го спроведува, рече Зутер .

Осврнувајќи се на значењето на регионалниот развој, како клучна поента во тековниот проект, Министерот Милевски изрази благодарност за поддршката од швајцарската Амбасада, истакнувајки го пријателството и билатералната соработка помеѓу двете земји.

Разгледувајќи ги тековните активности на проектот, Зутер и Милевски изразија задоволство од успешното спроведување, при што истакнаа дека постои заемна заложба за продолжување на соработката и преку втора фаза.

На почеток