Свет

Дали УЧК ќе го урне Судот во Хаг!?

Заменик-обвинителот во Специјалното обвинителство во Хаг, Кваи Хонг Ип, поднесе оставка по скандалот со досиејата што беа испратени до канцеларијата на ветерани на ОВК, објави vocentar.com. 

Според приштинскиот Газета експрес, тој поднел оставка затоа што неколку илјади досиеја, во кои имало имиња на сведоци и нивни искази, стигнале до Организацијата на ветерани на ОВК.

Организацијата на ветерани на ОВК, која се противи на постоењето на Специјалниот суд, вели дека досиејата што пристигнале во нивната канцеларија ги содржат оригиналните документи на Трибуналот.

Текстот во целост на: vocentar.com. 

На почеток