Македонија

Во тек е реализација на грант од Јапонија за набавка на медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

Повод за средбата беше реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи. Со овој грант дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка во овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во јуни, преку итна неповратна помош, од Амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот ‘авиган’ наменет за 100 пациенти заболени од Ковид-19“, нагласува министерот Филипче.

На почеток