Македонија

Османи: Меморандумот на Бугарија отстапува од принципите на договорот за добрососедство

Договорот за пријателство и добрососедство направи пресврт во односите со Бугарија, а меморандумот кој го поднесоа отстапува од неговите принципи“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

“Мора да продолжиме со разговори бидејќи друг пат нема, ние од овој договор не се откажуваме. Меѓутоа овој меморандум отстапува од принципите на договорот за добрососедство и затоа во мојата комуникација со бугарската министерка за надворешни работи Захариева се договоривме разговорите да продолжат на највисоко ниво, како и работата на комисијата за историски прашања, вели Османи.

Според него прашањето на идентитетските карактеристики произлегува од правото на самоизјаснување и самоопределување на народите и тие не се дел од билатерални спорови.

„Прашањето на историските фигури е затоа што тие не можат да се изјаснат и затоа треба да седнат историчари и научници кои треба да најдат историски документи за нивните идентитетски атрибути. За прашањето на јазикот и други идентитетски карактеристики, тоа е современо право на самоопределување кое не го спори никој“, кажа министерот за надворешни работи.

На почеток