Свет

Парада на гордоста во Загреб, учесниците бараат промена на Уставот

На плоштадот Свети Марко во Загреб, денеска се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата бaраат да се покрене процесот на промена на Уставот, така што сите семејства да бидат еднакви во сите права и обврски, како и истополовите семејства да бидат вклучени во дефиницијата за брак.

Меѓу учесниците има неколку политичари, вклучително и вицепремиерот од редовите на Независна демократска српска партија (СДСС), Борис Милошевиќ, пратеникот Домагој Хајдуковиќ, Катарина Пеовиќ од Работничкиот фронт и Сандра Бенчиќ од платформата Можеме, пренесува хрватски „Индекс“.

Овогодинешниот слоган на Парадата на гордоста е „Слобода внатре и надвор од четирите sида“.

Организаторите рекоа дека поворката ќе се одржи со целосно почитување на епидемиолошките мерки и постојано ги предупредуваа насобраните да се држат на дистанца.

На почеток