Свет

Албанската полиција уапси косовска пејачка во чија чанта пронашла пиштол и муниција

Полицијата во Албанија ја уапси пејачката Фиола Морина на граничниот премин Морина, под сомнение дека сакала илегално да префрла огнено оружје преку граница, јавува агенцијата „Миа Ора“, пренесува Танјуг.

„При контролата, во торбата на Ф.М. (34), која била пријавена во Приштина, Косово, граничната полиција открила и како доказ запленила огнено оружје од типот„Зораки “ со 23 куршуми. Пиштол кој изгледаше како запалка е пронајден во багажникот на возилото “, соопшти албанската гранична полиција.

Притворени се и придружниците на пејачката, Ф. М. (29), исто така од Косово и Ф., С. (29) од Белгија.

 

На почеток