Скопје

Во Скопје полиција на секој чекор, бројот на казнети возачи е троцифрен

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, пришто во Скопје изречени биле вкупно 339 санкции.

Меѓу нив, за возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење – 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила – 14. Санкционирани се и 33  мотоциклисти, а  одземено е 1 патничко возило. Понатаму, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113). Изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

На почеток