Свет

Сеизмолог: Во Загреб е можен земјотрес 30 пати посилен од оној во март

Томислав Фикет од хрватската сеизмолошка служба изрази стравување дека Загреб би можело да се соочи со силен земјотрес, со проекција на сила до триесет пати посилен од оној што предизвика голема материјална штета на 22 март.

– За областа на Загреб, тоа е од 6,3 до 6,5 степени според Рихтеровата скала. Тоа е околу триесет пати посилно од земјотресот на 22 март. За областа на Дубровник, тоа е околу седум степени, рече Фикет.

Хрватската сеизмолошка мрежа се состои од само 17 постојани станици, додека, на пример, Италија има илјада, а Словенија 50 такви станици.

Во Загреб ноќеска и утрово се регистрирани послаби земјотреси, а голем број жители на хрватскиот главен град се во постојан страв од нов голем земјотрес, пишува порталот Индекс.

На почеток