Свет

(ВИДЕО) Полицијата Солт Лејк Сити испукала дури 11 куршуми во 13-годишно момче со посебни потреби

Полицијата Солт Лејк Сити ранила 13-годишно момче со посебни потреби, на кого биле испукани дури 11 куршуми. Детето преживеало, но тешко е рането, со повредени коски и внатрешни органи.

Линдон Камерон од Солт Лејк Сити, кој пати од Аспергеров синдром, еден вид на аутизам, е ранет откако неговата мајка повикала полиција за да и помогнат, бидејќи Линдон доживеал нервен слом и не можел да се контролира, објавиле американските медиуми.

Мајката на Линдон, Голда Бартон, во пријавата до полицијата рекла дека момчето има пиштол, најверојатно воздушен и дека тој ден се заканил дека ќе пука во нејзиниот колега и ќе ги скрши прозорците во домот.

Исто така, додала дека детето има страв од униформирани лица и дека се чувствува прогонет кога ќе ги види. Објаснила дека Линдон мисли дека униформирани лица ќе го убијат.

Полицијата во Солт Лејк Сити соопштила дека во тек е истрага за овој случај и дека во неа се вклучило и обвинителството.

На почеток