Македонија

Тошковски: Тужбеното барање на Русковска е неосновано

Денес се одржа подготвително рочиште во кое што шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал и на корупција, обвинителката Вилма Русковска во својство на тужител по поднесена тужба против ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и г. Христијан Мицкоски како претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на кое што беа презентирани дел од доказите од страна на тужителката, истакна Панче Тошковски.

При што морам да потенцирам две работи кои што се битни за нас. Првата работа поради која што цениме дека тужбеното барање во целост е неосновано, е заштитата на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права, слободи и права, односно потребата од  почитување на правото за слободно изразување на мислата. Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?

И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал,  истакна Панче Тошковски.

На почеток