Македонија

Заев упати писмо со честитки по повод јубилејот 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки до епископот Антаниски г. Партениј, и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод исклучителниот јубилеј – 1000-години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

Премиерот Заев во писмото истакнува дека Бигорскиот манастир, како што е општо познат, со своето милениумско постоење е врежан во меморијата не само на македонскиот народ, туку со своето значење и убавина е значаен дел на светското културно наследство.

Во своето 1000-годишно црковно живеење манастирот сведочи за многу историски премрежија, но и за незапирливоста на богатиот духовен живот, пишува во писмото до епископот Антаниски г. Партениј, претседателот на Владата Заев.

„Бигорскиот манастир и денес е вруток на духовноста од каде излегуваат монаси кои го продолжуваат црковниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Воедно сакам да ја искажам мојата восхит за активностите кои Вие како игумен, и бигорската обител, ја спроведувате помагајќи им и пружајќи им прибежиште на сите кои се во нужда и неволја“, се вели во писмото на премиерот Заев со кое до епископот Антаниски г. Партениј, и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, упатува честитки по повод исклучителниот јубилеј – 1000-години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

На почеток