Свет

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана.

Ова на американската агенција АП ѝ го соопштија двајца полицајци кои беа на местото на настанот, а се додава и дека полицијата го блокирала целиот простор околу кулата со автомобили и ленти, но и мостот што води преку реката Сена до плоштадот Трокадеро.

Во областа може да се видат некои туристи, но засега не е познато дали некој од нив сè уште е во Ајфеловата кула.

 

На почеток