Македонија

Арбер Исаку избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Обвинителот Арбер Исаку ќе биде заменик претседател на Советот на јавни обвинители во следните две години. Одлука за избор на заменик претседател на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија е донесена вчера со мнозинство гласови.
Исаку ќе дојде на место на досегашниот заменик претседател Меџит Јусуфи.

Врз основа на одредбите на Законот за советот на јавни обвинители, мандатот на претседателот и заменик претседател на СЈО на РМ е две години без право на реизбор. Воедно, Исаку оваа функција ја извршуваше и во период 2016-2018 година.

Исаку од 01.06.2004 година беше судски преведувач во Основен Суд Тетово. Од 18.06.2009 година до 22.12.2009 година советник во Владата на Република Македонија. Од 23.12.2009 година советник во Собранието на Република Македонија. На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија. На 22.09.2016 година е избран за заменик претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.

 

извор: МИА

На почеток