fbpx
саб. Окт 24th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Тлото не се смирува – Серија земјотреси во Грција

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24 часа.

Првиот земјотрес со јачина од 4,2 степени се случи синоќа во 22,39 часот во морето, на 22 километри од Атос, проследен со посилен земјотрес со јачина од 5,2 степени со ист епицентар.

Следуваа низа послаби земјотреси, од кои последниот беше денеска во 15.22 часот. Епицентарот на овој земјотрес е на 18 километри југозападно од Атос на длабочина од 15 километри.

Според агенцијата АНА, полициската зграда во Кареја е малку оштетена, а нема информации за можна штета на манастирот.