Некатегоризирани

За Мијалков набргу застарува едно дело, па наместо за три, ќе му се суди за две дела

Во февруари 2021 година застарува едно од трите дела за кои во овој случај е обвинет ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков. Станува збор за делото примање награда за противзаконско влијание, за што е предвидена казна затвор до три години.  Под претпоставка, судењето во прв степен да заврши до крајот на годината, додека второстепениот суд да закаже седница и да одлучи, што е тешко да се случи до февруари в година, извесно е дека за поранешниот шеф на УБК, ова дело ќе застари, Објави prizma.mk.
Сепак, Мијалков и натаму ќе остане на обвинителна клупа, но, наместо за три, ќе му се суди за две дела: злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, за кои се предвидени подолги рокови на застареност. Но, ова директно би ја намалило и вкупната казна во случај поранешниот шеф на тајната полиција да биде осуден.
За Мијалков, кој во последно време стана активен на социјалните мрежи откако отвори фан-страница, покрај овој случај, има активни уште три предмети: „Tрезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.
Мијалков во последниот беше осуден на тригодишна затворска казна, но Апелација ја укина пресудата и предметот го врати на почеток. Другите два почнаа од почеток поради смена на поротничка односно поради протек на 90 дена без одржано рочиште.
Текстот во целост на: prizma.mk.
На почеток