Коментари

Дескоска: Не гледам јавен интерес во објавување на слики на лице лишено од слобода со лисици на рацете

Јас не гледам јавен интерес во објавување на слики на лице лишено од слобода со лисици на рацете. Но гледам #повреда на нејзиното #достоинство и будење на ниски страсти кај публиката, напиша на својот ФБ профил екс министерката за Рената Дескоска.

Таа во својата објава додава:

Правилото „око за око, заб за заб“ не е правило врз кое треба да се заснова демократски систем кој ги почитува човековите права. Тоа значи дека демократска држава не спроведува мачење како казна на некој што мачел, или не извршува силување врз некој што силувал. Општеството не смее да се симне на нивото на криминалецот. Лошите пракси не смее да се применуваат, дури ни над оние кои ги применувале некогаш.
ЧовековиПраваЗаСите! Без исклучок!

 

https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2827527017526400

На почеток