Македонија

Засилени сообраќајни контроли во Куманово: 172 санкционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово. Притоа изречени се вкупно 172 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 28 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 26 мотоциклисти,  а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

На почеток