Коментари

Дескоска им одржа јавна лекција на ВМРО ДПМНЕ

Наводново размислување на опозицијата за импичмент на претседателот е најголем доказ за нивната безидејност и деструктивно политиканство. За што би покренале импичмент? прашува екс министерката Рената Дескоска.

Таа  во својата објава уште пишува:

За одлуките за прогласување на вонредна состојба? Па сите тие одлуки поминаа пред Уставниот суд кој одлучи дека не се неуставни. А претседателот може да одговара единствено за кршење на уставот и законите. Уставниот суд веќе кажа дека нема неуставност во одлуките за прогласување на вонредна состојба. Што ќе докажува опозицијата сега? Дека има кршење на закон за вонредна состојба, кој не постои?! Апсурд!

Затоа “дебатава” за импичмент наликува на она “нишајте го бродот за нешто да се случува”.

Доста е деструкција! Доста е празно политиканство! Граѓаните очекуваат напредок на реформската агенда. А списокот со задачи на таа агенда е долг.

 

https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2828909137388188

На почеток