fbpx
саб. Окт 24th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Учителот Боро од Габрово со насолзени очи: Годинава во училиштето нема ниту еден ученик!

Со солзи во очите и носталгија за времињата кога школскиот двор бил исполнет со деца и нивниот џагор. Вака помина првиот училишен ден за пензионираниот наставник Боро Пандев од струмичкото село Габрово. За прв пат откако постои училиштето неговите врати останаа под клуч, а наставата не започна, но не поради пандемијата туку поради фактот што годинава овде нема ниту еден ученик. Учителот Боро, како што го знаат сите вели во минатото имало и над 120 ученици, но како почнало иселувањето во европските држави така секоја година се намалувал и бројот на деца кои се запишуваат тука, објави СИТЕЛ.

Годинава во Габрово има само еден ученик во петто одделение. Но, по желба на родителите пред се поради неговата социјализација детето е испишано и запишано во соседното Колешино.

Веќе следната година во Габрово ќе има едно прваче.

Извор: СИТЕЛ