Свет

Авионот на Меркел морал принудно да слета поради проблеми со електрониката

Авионот во која била германската канцеларка Ангела Меркел морал принудно да слета.

Германската канцеларка тргнала за Аргентина на самиот Г20, меѓутоа морала да се врати на аеродромот.

Авионот слетал во Келн поради проблеми со електронскиот систем, во моментот кога биле над Холандија, известува германскиот печат. Со неа во авионот бил и германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Меркел полетала од Берлин во 18:50 часот но авионот по половина час поради расипување морал да сврти и да се врати во Германија.

Меркел имала закажан разговор со Буенос Ајрес во петокот наутро со аргентинскиот претседател Маурицио Макро, но тој сега е откажан, како и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џипинг и со рускиот претседател Владимир Путин.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток