fbpx
вто. Окт 20th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Арсовски: Не е логично да нема пари за учениците, а пари да се трошат насекаде, само за да се прикрие неработењето на Владата

Во вечерашното издание на дебатната емисија „24 анализа“ на ТВ „24“, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој заедно со министерот Бектеши и Азири од Алијанса за Албанците зборуваше за ребалансот на буџетот.

Арсовски укажа на фактот дека Владата троши народни пари да ги исплати СЈО како институција која веќе не постои, а нема пари за 40.000 ученици кои немаат услови за следење на наставата, односно немаат лаптоп преку кој ќе можат секојдневно да учествуваат во образовниот процес.

-СЈО одамна не постои, а Владата исплаќа над 4 милиони евра за плати на институцијата која долго време не е во функција. 40.000 ученици треба да следат онлајн настава, а голем дел од нив немаат лаптоп или таблет за да можат да учат. Наместо државата да вложува во најмладите и во нивната иднина, државата исплаќа онаму каде што најверојатно нешто должи поради одредена услуга. Парите кои се потрошија за ваучери преку кои се правеше поткуп се потрошија, а народот не виде ништо од нив, затоа што тоа се нивни пари со кои Владата дрско манипулира. Не е логично да нема пари за учениците, а пари да се трошат насекаде, само за да се прикрие неработењето на Владата – истакна Арсовски.

Во однос на „викенд без ДДВ” Арсовски потенцираше дека мерката е крајно популистичка и нереална, но згора на тоа е задоцената мерка.

„Граѓаните ги бараа викендите без ДДВ затоа што Владата им ги вети многу одамна и токму поради тој притисок, сега Владата попушти и реши да има само еден викенд без ДДВ во октомври. Тоа не претставува никакво олеснување за граѓаните, затоа што граѓаните во оваа криза не добија никаква помош од државата и немаат пари да трошат, а камо ли да очекуваат поврат на ДДВ”, додаде Арсовски.