Македонија

Делчев: Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите за македонскиот јазик, официјалниот јазик не може да биде дијалект на друга држава

Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите за македонскиот јазик, официјалниот јазик не може да биде дијалект на друга држава. Ова е ставот на бугарскиот историчар Стефан Дечев кој критички кон бугарската Влада вели дека треба да погледне во сопствениот двор, објави Канал 5.

Во интервју за телевизијата Блумберг вели дека вината е кај нив што бугарите се убедени дека двете држави имаат заедничка историја “на еден народ”.

„Македонската нација и процесот на нејзино создавање, со сите специфики и особености, не се разликува од процесите на создавање на која и да е друга нација во светот. Македонскиот јазик е вештачки јазик до толку колку што сите стандардизирани јазици во светот се вештачки. Официјален јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не разбереме дека идентитетот на една нација е динамичен и тој не се предава по генетски пат, какви било мешовити преговори меѓу Бугарија и Македонија, се излишни и ќе завршат во слепа улица“,вели- Стефан Дечев – бугарски историчар.

извор: Канал 5

 

На почеток