Актуелно

Кузеска: Со ребалансот на Буџетот, 470 милиони евра се обезбедуваат за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев  продолжува сo силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот. Со ребалансот н буџетот, 470 милиони евра се наменети за реализација на четвртиот пакет економски мерки за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Една од мерките за помош на приватниот сектор, во овој четврт пакет е Државната кредитна гаранција.

Со оваа мерка на располагање се ставаат 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Покрај кредитната, следува реализација  и на мерката Државна царинска гаранција, којa има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони евра државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг,  го поддржуваме извозот и увозот и истовремено, го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет , е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.

И во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии, помага на секој поединец, на секоја компанија која има потреба од помош и поддршка.

Тоа, во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

На почеток