Видео и Фото

(ВИДЕО) Димова: Владата може да бара разрешување, а не годподинот Љупчо Николовски

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, во гостувањето во „Стадион“ на Канал 77, рече дека вицепремиерот Љупчо Николовски не може да и бара оставка, туку тоа може да го направи само Владата. Ова беше одговор на прашање, откако Николовски, завчера, побара нејзино повлекување од директорката фотелја. „Не гледам зошто би дала оставка. А Владата има право. Ама под Владата ако го отворите етичкиот кодекс, таму пишува дека претседателот на Владата може да бара некакво разрешување, а не, господинот Љупчо Николовски. Јас го цитирам Етичкиот кодекс.

Владата мене не ме именува, јас сум избрана од Управниот одбор“, рече Димова. Ако директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој рече дека има различно мислење од Димова која е на став дека не треба да се повлече. Но, согласно неговите ингеренции најави дека ќе бара од Заев, таа да понесе политичка одговорност и да замине од функцијата.

„Ќе ги искористам моите инструменти како задолжен член на владата за спроведување на кодексот на однесува и од претседателот на Владата ќе побарам политичка одговорност односно барање за оставка од директорката на оваа Агенција и паралелно целосно расчистување и утврдување на вистината што се некој друг вид на постапки кои ги тераат останатите органи“, рече Николовски.

https://www.facebook.com/111220626921688/videos/1209205346127423

На почеток