fbpx
саб. Окт 17th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пукање во Белград на паркинг пред трговски центар – eдно лице рането

Во Нов Белград на паркингот ТЦ „Ушче“ попладнево околу 16 часот имало пукање на влезот на паркингот на трговскиот центар, и според првичните информации едно лице е рането. Медиумите јавуваат дека е пукано во А.Ш. за кој се тврди дека е припадник на групата „Пинк Пантер“.

Станува збор за класично чекање и следење по кое неидентификуван напаѓач го фрлил пиштолот и побегнал во непознат правец.

Силни полициски сили го пребаруваат трговскиот центар, кој веднаш беше блокиран во тој дел на Нов Белград, а полициската акција Вихор е во сила!