fbpx
саб. Окт 17th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Од вечерва полициски час во Франција, 12.000 полицајци ќе следат дали се почитува

Oд вечерва во 21 часот до 6 часот наутро во Франција започнува да важи полицискиот час како владина мерка против епидемијата на коронавирус. На лицата кои ќе ги прекршат правилата, им се заканува казна од 135 евра, а во случај на повторување на прекршокот, ќе се изрече казна до шест месеци затвор и 3.750 евра.

Ноќниот карантин важи за Париз и неговата поширока област, како и за градовите Лион, Лил, Тулуз, Монпелје, Сент Етјен, Марсеј, Руан и Гренобл.

Мерката не се однесува на луѓе кои одат на работа, лица кои имаат медицински проблем како и оние кои треба да посетат некој член на семејството на кој му е потребна помош.

За време на полицискиот час, сопствениците на миленичиња ќе можат да ги шетаат во радиус не повеќе од еден километар од нивното место на живеење.

Околу 12.000 полицајци ќе бидат распоредени како поддршка за градските полициски патроли за да го следат почитувањето на полицискиот час.