fbpx
саб. Окт 17th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Од прозор во Скопје летаат тегли ајвар, цвекло, јајца, кромид, по грб ме удри кромид!

ФБ статус:

ВНИМАНИЕ!!!
На ден 10.10.2020 (сабота) шетајќи со бебето по патеката за пешаци од страна на булеварот Партизански Одреди, каде што е обележано со црвено, ме удри некој од кулата со кромид. Ме удри по грб и кромидот се подели на два дела. Среќа што удри во мене, да го држев детето во раце ќе беше фатално. Дете од неколку месеци да го удри некој од таа висина, вистина е фатално. Патем ова не е прв пат, често од таму летаат тегли ајвар, цвекло, јајца, ѓубре и све што може да замислите. Кога и да поминете таму ќе забележите искршени тегли и еден куп ѓубре. Секако веднаш пријавив во полиција, меѓутоа ми рекоа дека тоа не е во нивна надлежност и дека нивна работа не е да одат од стан на стан за да го најдат тој/таа. Целта на овој пост е да се сподели, зошто верувам дека сите имате свои сакани кои секојденевно поминуваат на главниот булевар пешки или со велосипед.
Петре Шилегов Стефан Богоев Град Скопје Општина Карпош Министерство за внатрешни работи
Можеби некои од горенаведените, ќе помогнат нешто во врска со овој случај, кога веќе полицијата тврди дека тоа не е во нивна надлежност!!!, објави на Фејсбук, Мартина Алчевска.

ВНИМАНИЕ!!! На ден 10.10.2020 (сабота) шетајќи со бебето по патеката за пешаци од страна на булеварот Партизански…

Geplaatst door Martina Alcevska op Woensdag 14 oktober 2020