fbpx
саб. Окт 17th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Преку системот РАВИО на царинската управа, спречен обид за патување на лице инфицирано со КОВИД 19

На Аеродром Скопје од страна на аеродромските служби (Царинска управа, Гранична полиција, ТАВ) во соработка со Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ, денеска е спречен обид за патување – излез од Р. Северна Македонија на лице инфицирано со Covid 19.

Лицето се пријави за патување за лет бр. W67729 на релација Скопје-Франкфурт во Меѓународниот Аеродром Скопје, во 11:30ч, М. М. (46) роден во Германија со живеалиште во Кичево.

Патникот е автоматски селектиран од страна на системот за контрола на патници кој што се вкрстува со списокот на лица позитивни на Covid 19 за кој се одговорни службите од Институтот за јавно здравје.

По добиената нотификација на спомнатиот систем за пријавата за лет на лице позитивно на COVID19 со решение за самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат, информирани се надлежните безбедносни аеродромски служби кои во соработка со соодветните здравствени служби го спречија патникот да ја напушти земјата. Лицето е изолирано на место предвидено за вакви случаеви и истиот со возило на Брза помош е ставен во изолација според здравствените протоколи.

Системот за автоматско следење и стопирање на лицата кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата, а кои во случајот имаат решение за изолација се пушти во функција на 05.10.2020

Царинската управа со одлука на Владата на РС Македонија а во соработка со безбедносните и здравствените служби, продолжува со вршење на своите законски обврски во време на пандемијата.

ПРЕКУ СИСТЕМОТ РАВИО НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ПАТУВАЊЕ НА ЛИЦЕ СО АКТИВНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА➡️На…

Geplaatst door Царинска управа op Zaterdag 17 oktober 2020