fbpx
саб. Окт 24th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(Живо) Божествена Архиерејска Литургија – Илјада години Бигорски манастир

Денеска еден од најстарите манастири во земјава, Бигорскиот манастир, одбележува илјада години  од своето постоење.  Основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Свети Јован Крстител, за кој во христијанските списи се вели дека „меѓу родените од жена нема поголем од него“. Во илјадагодишното постоење манастирот поминал низ различни периоди и епохи, се соочувал со различни предизвици, кои ги носело времето, а денес кога станува збор за Бигорската обител, невозможно е да не се спомене зборот „препород“ – било да се зборува за славното минато на манастирот или да се суди за денешните негови дела, особено во насока на помошта, која ја пружа на социјално загрозени лица, но и оние кои се борат со секаков вид зависности.

Во Живо: Божествена Архиерејска Литургија 18.10.2020 Бигорски манастир

Во Живо: Божествена Архиерејска Литургија 18.10.2020 Бигорски манастир

Geplaatst door Бигорски Манастир Св. Јован Крстител op Zaterdag 17 oktober 2020

Одбележувањето на милениумски јубилеј „1000 години Бигорски манастир“ започна со Божествена архијерејска Литургија, со којашто чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, .

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата Стево Пендаровски.