fbpx
саб. Окт 24th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заштитната маска, дистанцата и хигиената на раце се клучни во борбата со ковид-19

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со ковид-19.
Вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Тој очекува измените во законот да се носат по скратена постапка, да се донесат новите мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19.
Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните почнуваат се повеќе да функционираат во затворени простории.
Во моментов, единствениот начин за заштита од вирусот, насекаде во светот не само кај нас, е заштитна маска, потребното физичко растојание и редовна и темелна хигиена на рацете.